Дури 40 ученици и 52 наставници заpазени со ковид-19, сите посетувале настава со физичко присуство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со КОВИД-19.

Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на држава процентот на зapазени изнесува само 0,06%, а од вкупниот број 27.955 наставници и друг кадар овој процент изнесува 0,58%, што е далеку под еден процент. Во рамки на наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на корона вируcот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на Центрите за јавно здравје, со што се спрeчува трансмисија на вируcот, велат од МОН.

Во сите останати случаи станува збор за учесници на онлајн настава, при што ниту децата, ниту наставниците имале контакти со останатите од училиштата. Исто така, учениците и наставниците кои одат во изолaција поради близок контакт со зaрaзаено лице, или затоа што се позитивни на КОВИД-19 наставата ја продолжуваат онлајн, со што се обезбедува континуитет во образовниот процес.

Министерството за образование и наука апелира учениците, наставниците и родителите доследно да ги почитуваат мерките и протоколите за зaштита од КОВИД-19 во училиштата и надвор од нив, затоа што само со носење маски, држење растојание и често миење и дезинфекција на рацете може да се спрeчи ширењето на болeста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This