Дурловски: Борбата ќе биде тешка, но јас сакам да се борам, ќе го вратиме изгубеното достоинство на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Токму оттука од Климентовиот Охрид започнува Обновата на Македонија. Денес ги земаме работите во свои раце, да ја победиме апатијата, да ги обновиме вредностите. Овие избори се референдум за иднината на Македонија и зависат од секој од нас, ова е шанса да им кажеме што мислиме на Заев, Шекеринска, Димитров и СДС, за се што направија досега, порача носителот на изборна единица 5 Игор Дурловски на денешниот митинг во општина Охрид.

Дурловски пред присутните истакна дека граѓаните изминатите три години се сведоци на најголемото национално предавство од страна на актуелната власт, но и на голем број на криминални скандали, злоупотреби на власта, непотизам и реваншизам.

Во изминатите три години Македонија го доживеа своето најголемо национално предавство. Три години бевме сведоци на распродавање на државата, на историски реконструкции на нашата меморија, на негации и уцени. Се откажаа од името на нашата држава, се откажаа од Македонскиот народ. Немајќи национална свест и гордост му покажаа на целиот свет дека можат да бидат купени, дека имаат цена. Овие три години ќе ги паметиме и по бескрупулозната злоупотреба на власта, по коруптивните скандали за кои деновиве се повеќе слушаме. По рекетот, реваншизмот, непотизмот, по нефункционалниот здравствен систем, по опустошената економија. Но, сепак не успеа да не клекнат бидејќи како што вели Петре М. Андреевски племето наше е Пиреј и не го ништи ниедна војска, вели Дурловски.

Дурловски ја побара поддршката од охриѓани, јасно порачувајќи им дека Македонија мора гордо да се исправи и дека проблемите не може да ги реши оно кој што ги создал.

Ви ја барам довербата да ни помогнете да го вратиме достоинството. Македонија гордо да се исправи. Ние не сме исти, има надеж, ќе биде поинаку. Мора да биде поинаку. Проблемите не може да ги реши тој што ги создал. Пред три години на Охрид му се ветуваше се и сешто, гасификација, градски кеј, катни гаражи, нов здравствен дом. Но, Охрид и охриѓани не добија ништо, освен загрозен статус на листата на УНЕСКО.

Носителот на изборна единица 5, Дурловски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот да ги реализира своите ветувања бидејќи како што рече тој квалитетот на животот е право на секој од нас.

Нема лажни ветувања, квалитетниот живот е право на секој од нас. Ние треба и ќе направиме повеќе. Во програмата ќе видете проекти, завршување на автопатот Кичево Охрид, нови евтини авиолинии кои што ќе го поврзат Охрид со светот, магистрален гасовод, Битола, Ресен, Охрид Струга сет мерки за развој на туризмот, нов простор во кој ќе се презентираат врвните домашни и странски уметнички вредности, нов театар во Охрид, ќе видите проекти, но ќе ја препознаете и нашата долгорочна визија, да го унапредиме и да го штитиме општото добро на македонскиот народ.

Дурловски, нагласи дека борбата нема да биде лесна но тој е подготвен и сака да се бори заедно со граѓаните за промените кои што мора да се случат.

Борбата ќе биде тешка но јас знам и сакам да се борам. Ќе се бориме заедно за промените кои мора да се случат, истакна тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This