ДУРЛОВСКИ: Застанав да го бранам тоа што треба да се брани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Платформа што ја донесоа македонски партии од албанскиот етнички блок во туѓа држава е нешто неприфатливо за секој граѓанин, смета уметникот и еден од организаторите на протестите „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“, Игор Дурловски.

durlovski-1-640x317

-Верувам дека секој нормален во државава нема да прифати нешто што прво е донесено во странска држава, а притоа, во повеќе од тие точки, за мене е нешто што задира во македонскиот идентитет. Јас почувствував порив и желба. Не сум и не сум бил политички определен и никогаш не сум застапувал одредена политичка опција. Едноставно почувствував потреба да застанам и да го одбранам тоа што треба да се брани затоа што сметам дека сите ние во Македонија, почнувајќи од моите деца, мене, моите пријатели, моите сограѓани, треба да живееме во една нормална држава во којашто идентитетот и сите останати прашања коишто се клучни за една држава и за еден народ нема да ми бидат побиени, изјави Дурловски во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This