Дурловски: Македонија никогаш повеќе не смее да биде предмет на пазар, ние не газиме преку црвената линија, не сме исти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Дурловски, носител на изборната единица 5 во своето обраќање во Ресен потенцираше дека му е огромна чест да се обрати од родниот град на големиот син на Македонија, Христо Татарчев, човекот кој целиот свој живот го посвети на изворната идеја за самостојна и независна македонска држава на Балканот.

„Три години е сосема доволен период за да се запознае една власт, да се оцени колку и што умее. За изминативе три години видовме колку умеат во економијата, во здравството, во владеењето на правото и во културата. Видовме како не успеваат да го остварат ветеното, цената што ја плативме за нивниот неуспех е превисока. Видовме како на само неколку километри од родната куќата на боpецот за идејата независна Македонија, два века подоцна ја погрeбaа државата, како со невидена леснотија ни го погaзија достоинството и не обезличија. Заборавија дека гордоста на еден народ е вродено врзана за неговиот идентитет за кој велеа дека ќе биде бетониран со договорот од Преспа“, истакна Дурловски.

Носителот на изборната единица 5 укажа дека сериозни предизвици бараат сериозни и одговорни политичари за да ги решат.

„Јас препознав таков тим во ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека заедно ќе дадеме одговор и решение за суштинските проблеми на народот. Наша заедничка цел е подобрување на животниот стандард, да создадеме услови да ги задржиме младите во Република Македонија, ќе работиме на тоа да ги поттикнеме да ги вложат своите вештини и знаења во создавање на ресурси, дома. Подготвени сме да го развиеме туризмот кој ќе овозможи промоција на Македонија во светот, но и носење на светот. Ќе направиме се светот да ја запознае нејзината природна убавина и гостопримство, да ја памети по убаво, а не по срамниот договор од 17 јуни. Овој тим е решен да води принципиелна надворешна политика која ќе и го врати достоинството на Македонија“, истакна тој.

Дурловски додаде дека е убеден дека граѓаните ќе ја препознаат вистинската страна и ќе се придружат во обновата на Македонија која ќе ја спрeчи нејзината распродажба.

„Македонија никогаш повеќе не смее да биде предмет на пазар, ние не газиме преку црвената линија, не сме исти“, рече Дурловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This