ДУРЛОВСКИ НА ФЕЈСБУК ПО АНГАЖМАНОТ КАЈ МИЦКОСКИ: Мора да се фатиме на орото, за да одиме напред – не сме сите исти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој што ќе каже дека борбата во моменталната ситуација и поставеност на силите треба да се одвива на поинаков начин освен здружено и заедно – свесно или несвесно ве носи во заблуда. Секој кој ќе повика дека „сите се исти“ ќе помогне тие да владеат со секого од нас поединечно, разделени и немоќни за било каков отпор; „едно општество“ за сите, како да сме сите исти, како да сме статистика која можат да ја штимаат како извештаите за „напредок“, зашеметени, уплашени и како што тие би сакале да не видат на крај – подеднакво сиромашни, подеднакво немоќни, чипирани да прифатиме се што фабриката на вести ќе ни сервира…

Приклучувајќи се во тимот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како стратешки соработник во областа на културата, повикувам на општество за секого. Општество на млади луѓе кои си ја сакаат татковината, општество со култура, мир, разбирање, почитување и правда, за општество каде индивидуалните способности на младите, искуството и знаењето на возрасните, трудот на лојалните работници ќе се вреднуваат согласно нивните квалитети и посветеност.

Ако сакаме да одиме напред, мора да се фатиме за раце. Симболот на Македонците, нашето оро, се игра фатени за раце, не оди брзо, три чекори напред, два чекори назад, повторно напред и повторно назад… И во тоа оро ќе има и други, кои работат да не успее, да се растури… но со посветеност, искрена радост, љубов и огромно знаење на техниката, нашето македонско оро ќе се игра долго, ќе се игра со љубов, ќе стане возвишена игра која можат да ја гледаат со лиги и завист.

Фејсбук статус на Игор Дурловски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This