ДУРЛОВСКИ: Ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија има три Илиндени, 1903, 1944, 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден. Во сите, Македонците јасно и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние кои живеат под ова небо. Дојде ред и на нас, да ја покажеме таа взаемна почит. Ние, современиците на овој миг имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото за доблесно сите заедно да се насочиме кон иднината, посочи Игор Дурловски читајќи ги барањата на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

durlovski-1

Ниту еден патриот не е против националните права, култура и традиционалните вредности на својот сограѓанин. Македонија е модерна граѓанска република. Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и другите живеат во единствена матична држава на македонскиот народ, кој слично како и други народи од регионот и се уште во 21 век е соочен со негирање и дикриминација. Бараме ниту една политичка партија во Македонија, да не ја уважува дикриминаторската политика на одредени земји. Бараме ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме, истакна Дурловски.

Уставот на Република Македонија, додаде тој, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не отстапуваме.

-Бараме од сите наши политички партии да го почитуваат Уставот и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава. Македонија е над сите интереси, додаде Дурловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This