ДУШКО МЛЕКАРОТ ОД СДСМ, РАЗОЧАРАН СО ПОРАКА НА ФБ: Не користевте само за политички ТВ маркетинг, сега се однесувате како шерифи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големо незадоволство од работата на Владата на СДСМ изразуваат и луге кои беа најмногу користење во кампањата на оваа партија во минативе години. Душан Илиевски, познат како Душко млекарот, повторно со големи критики за однесувањето на лугето од владеачката партија. Незадоволство и разочараност од работата на новата Влада покажуваат најголем дел од граѓаните, кои коментираат дека како новата власт да ги заборавила зборовите и ветувањата кои ги дала пред изборите.

Душко млекарот преку Фејсбук испрати порака до пратеникот Васко Ковачевски, кој е од Битола. Тој во пораката вели дека ја сака СДСМ и дека ќе остане СДСМ, но тој вели дека сегашното раководство на партијата, гледа само да профитира од партијата и да го наполни својот џеб.

Во друг пост на Фејсбук Илиевски освен Ковачевкси го напаѓа и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, тој им порача дека и на двајцата кариерата ќе им заврши исто како и на Менде Диневски од Битола. Тој го прашува дали се сеќава на заедничкиот прес кој го држеле пред Министерството за внатрешни работи и вели дека тие сега се однесуваат како шерифи во партијата.

Тој на Фејсбук напиша и дека Васко Ковачевкси кажувал да не се фотографира на средба со бизнисмени, бидејќи тие не сакале да бидат фотографирани. Тој во постот вели дека бизнисмените не можело, а обичниот народ како него може да биде фотографиран за ТВ маркетинг од страна на СДСМ.

Тој објави и фотографија каде што вели дека потпретседателката на СДСМ и министерка на внатрешни работа, Радмила Шекеринска барале да бидат исклучени телефоните на средба со граѓани, за да не снимале.

Незадоволството од работата и односот на Владата на СДСМ покажуваат најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија, а голем е делот и на оние нивни членови и силни подрржувачи кои силно ја критикуваат работата на новата Владата.

Граѓаните велат дека СДСМ не исполнува ништо од ветувањата, место 500 евра просечна плата, откако е СДСМ на власт просечната плата паѓа, пензионерите нема веќе да го имаат покачувањето на пензиите, земјоделците ќе останат без субвенциите. Граѓаните се чувствуваат прелажани од новата власт, за која што како што велат, гледа само да го наполни својот џеб, според нив животот дојде само на лугето блиски до раководството на СДСМ.

Душко млекарот од СДСМ Битола: Цело Скопје и раководство на СДСМ знае како Александар Кирацовски направи хациенда спроти Епинал и како купи кола

И најголемите поддржувачи на СДСМ разочарани од работата на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Поранешни пратеници и едни од лицата кои беа главни во предизборието за СДСМ, сега жестоко тргнаа против раководството на владеачката партија, обвинувајќи дека се заборавени од нив.

Душан Илиевски, познат како Душко млекарот од Битола, жестоко удри по генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Душко млекарот прашува како Кирацовски со кредит од 30 илјади евра успеал да изгради хациенда и да купи нов автомобил, а пред да стане потпретседател како што пишува Душко на Фејсбук, возел искршен автомобил.

Покрај Душко, по раководството на СДСМ удри и поранешниот канидат за пратеник на сега владеачката партија, Зоран Ивановски, кој ја прозива Шеќеринска и вели дека бил заборавен Душко млекарот и многу ваши кадри. Во фотографијата која Ивановски ја има објавено на Фејсбук, Душко вели дека Шеќеринска во Битола убедувала да се стрпат луѓето до октомври.

Млекарот Илиевски, пред нешто помалку од еден месец, на Фејсбук обвини дека доколку го побараш пратеникот Ковачевски, за некаква помош, тој е презафатен, а кога треба да договори некоја добра зделка си седнува во кафана.

Покрај Ковачевски, Илиевски го повика и Кирацовски да му одговорат на пораките, а не да се кријат од оние со кои беа заедно соборци.

Инаку во кампањите на СДСМ за враќање на власт, Душко млекарот беше еден од главните лица кои сите од раководството на СДСМ го користеа за политички поени, а сега очигледно кога веќе не им е потребен заборавија на него.

 

Членовите на СДСМ се откажуваат од Богоев: Пораз во Карпош предвидуваат кандидатот за пратеник Ивановски, Душко Млекарот и Саше Политико

Кандидатурата на Стефан Богоев за градоначалник на Карпош на претстојните локални избори наиде на разочарување кај партиското членство. Сметаат дека СДСМ со ваквата одлука, на изброите може да очекува пораз во Карпош.

Поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ од Битола, како и кандидат за пратеник на СДСМ во САД на изборите во декември минатата година, Зоран Ивановски, на својот ФБ профил пишува дека Стефан Богоев не е добро решение за Карпош и јавно го нападна.

На коментарите на Ивановски се приклучи и Душко Илиевски, Душко Млекарот, кој вели дека како што тргнале СДСМ на овој начин, брзо ќе бидат сменети.

И Саше Ивановски Политико смета дека СДСМ можеле да најдат подобро решение од Богоев.

Душко Млекарот: Каде е сега Ленче Николовска да напише дека нема откуп на пиперките и дека прва класа е 14 денари?

Расте незадоволството од новата Влада меѓу членството на СДСМ. И најголемите поддржувачи го кренаа гласот против Владата предводена од Зоран Заев.

Душко Млекарот, еден од најголемите поддржувачи на СДСМ не е задоволен од политиката и односот на новата Влада кон земјоделците.

-Каде е сега посебниот советник, Ленче Николовска да напише дека нема откуп за пиперките и дека прва класа е 14 денари? Ајде Ленче секоја година пишуваше во Бриф, ела сега да видиш што се случува во Пелагонија, да ги посетиш селаните. Не е само да се качиш на трактор и да објавуваш слики дека ги посетуваш селата, напиша Душко Млекарот на социјалната мрежа Фејсбук.

На оваа објава на Душко Млекарот следеа негативни коментари од неговите пријатели. Во еден од нив е наведено дека Ленче се уште се адаптира на фотељата.

-Немој Душко да ја лутиш, ќе те блокира.. Ленче сега се уште се адаптира на фотељата… не е лесно од трактор на фотеља… плус знаеш ли ти колку пара штикли таа искрши за да седне таму каде што е сега.. и плус засипната е во гласот, ептен многу викаше, се вели во коментарот под објавата на Душко Млекарот.

Инаку Ленче Николовска од неодамна му стана советник на премиерот Зоран Заев за прашања поврзани со земјоделството, шумарството и водостопанството.

Николовска е претседател на Агросоветот на СДСМ. Како пратеник во Собранието од редовите на СДСМ беше и претседател на Собраниската комисија за земјоделство шумартсво и водостопанство. Последната функција која што ја извршуваше беше советник во кабинетот на Дополнителниот заменик министер во техничката влада.

Ирена Ристиќ жестоко против СДСМ: Јас нема да гласам на локалните избори, нека пропаднат, без нас тие се ништо, не постојат, бојкот

Активистот на т.н. Шарена револуција преку социјалната мрежа Фејсбук повика на бојкот на локалните избори незадоволна од Владата на СДСМ, порачувајќи дека нема да гласа на изборите.

(ФБ Статус на Ирена Ристиќ)

Во спротивно, ќе ја одлагаме агонијата и на сопствена штета, само ќе ја префрламе топката на двете подеднакво политички, идејно, системски и кадровски импотентни опции, од нетрпение и недоверба неподдржувајќи нови и креативни, чесни кадровски решенија…

Јас, на пример, нема да гласам на локалните!

Нека пропаднат!

Нека пропаднат, како што пропаднавме јас (у неколку наврати) и многу, многу други слични романтици…

Лека ноќ!

Размислете!

Без нас, они се ништо!

Не постојат!

#Бојкот

Освен како како активист на т.н. Шарена револуција, Ристиќ настапуваше и на митинзите на СДСМ, а беше дел и од проектот „Контра вести“.

Ирена Ристиќ е една од многуте активисти на Шарената револуција, членови и поддржувачи на СДСМ кои не се задоволни од работата на Владата и воопшто нивната партија.

Пред неа се одзваа Душко млекарот, кандидатот за пратеник од САД, Зоран Ивановски, Златко Ориѓански, Маријан Даскаловски но и Општинската организација на СДСМ од Гостивар.

Проф. Попсимонова од Шарената револуција: Ало СДСМ, не ми се допаѓаат сдсмовските интриги, во вас гледам ароганција, самобендисаност, целосна заслепеност

„Ова го пишувам затоа што од ден во ден гледам сé повеќе мои разочарани соборци. Некои од нив најавуваат и повикуваат на апстиненција на претстојните избори, а беа во првите редови на отпорот“, пишува професорката Гордана Попсимонова во својот текст објавен на Фејсбук.

-И не ме импресионира, ама ич не ме привлекува, па дури и ме разочарува и разгневува, кога истиот вокабулар на навреди, спинови, клевети и местенки го гледам меѓу нас. Под „нас“, момчиња и девојки, дами и господа и другари и другарки од СДСМ, не ве подразбирам само вас, вашата партија, вашите општински, централни или републички одбори. Простете, ама морам да бидам отворена и јавно да ви кажам дека вие (СДСМ) не освоивте 400 и кусур илјади гласови на последните избори, за сега да си дозволувате комотност за решавање на битни прашања според ваш партиски терк и заслуги. Освоивме НИЕ. Токму затоа, нашиот глас, колку и да е фејсбуковски конфузен и несмасен, сфатете го сериозно, конструктивно и добронамерно. Воопшто не сум среќна кога ваши членови ми продаваат м..а за бубрези и ме подучуваат на основните правила на политичката борба во плурален амбиент. Вака не оди, пишува професорката Попсимонова која е поддржувач на СДСМ, а беше дел и од Шарената револуција.

-А посебно не ми се допаѓаат сдсмовските интриги во дпмнеовски манир со општина Центар и препукувањата со Жерновски, како и калкулирањето со кандидатот за градоначалник на Скопје. Не ми се допаѓаат затоа што меѓу вас гледам ароганција, самобендисаност и нааканост, односно целосна заслепеност пред предизвикот на Големата слика, додава таа.

 

Ваквиот став на Попсимонова наиде на поддршка кај голем број членови и активисти на СДСМ, членови на НВО на СДСМ. Нејзиниот текст им се допаѓа и го споделуваат поранешниот генерален сектетар на СДСМ Ѓорѓи Спасов, Мери Николова, универзитетскиот професор Тито Беличанец, Перо Арсовски, екс-пратеничката Љубица Буралиева, како и граѓанскиот активист Џељо Хоџиќкој по доаѓањето на СДСМ во Владата стана директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Коментар не изостана ниту од новинарот поддржувач на СДСМ, Борјан Јовановски.

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This