Душко Млекарот прашува: Кој зема мито за незаконски посадениот тутун во Могила ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Душко Млекарот од Битола, еден од најистакнатите членови на СДСМ и борци против ,,режимот’’, е разочаран од актуелното раководство на партијата и како СДСМ ја води државата. Тој на својот Фејсбук профил редовно ги критикува функционерите на СДСМ од Битола и Битолко, меѓу кои најчеста мета му е генералниот секретар на СДСМ со потекло од Битола, Александар Кирацовски. Овој пат тој на својот Фејсбук откри потенцијален случај на корупција во општина Могила каде се посадени 100 декари тутун од типот Вирџинија, но проблемот е тоа што тој е насаден незаконски. Душко истакна дека Јасмина Гулевска три години додека СДСМ била опозиција пријавувала незаконски насаден тутун, а сега не реагира на 100-те декари незаконски насаден тутун.

Имено тој го прозива и Александар Цуцуловски кој е директор на подрачната единица на министерството за земјоделие во Битола и поставува легитимно прашање, кој земал мито за посадениот тутун?

– Градоначалничката на о. МОГИЛА
ЈАСМИНА ГУЛЕВСКА три години ги пријавуваше за незанонско одгледување на ТУТУНОТ ВИРЏИНИЈА, а сега еве снимка каде се посадени 100 декари вирџинија тутун.
Дали треба да се објави кој висок функционер му зеде МИТО на човекот што го одгледува овој незаконско посаден тутун вирџинија А.К.
Каде е директорот на министерството за земјоделие подрачна Битола ЦУЦУЛОВСКИ Александар. Нека каже кој зеде МИТО за посадениот тутун.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This