ДУШКО МЛЕКАРОТ ПРАШУВА: Премиере, до каде е отказот на рекетарот од РЕК Битола?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиере, до каде е постапката за смена на Васко Ковачевски рекетарот во РЕК Битола, прашува денеска Душан Илиевски, најпознат како Душко Млекарот, поранешен силен поддржувач на СДСМ.

Ова прашање го поставува лично до премиерот, бидејќи, како што вели, Ковачевски добил отказно решение во јануари, но потоа лично му се јавил на Заев и барал милост за да не биди сменет.

Информациите стигнаа од блиски извори и како што гледам – доби милост од вас и си продолжува со своите криминални дејствија за лично богатење, вели Млекарот.

Обраќајќи се до премиерот Заев, Илиевски ја открива вистината за Битола.

1.Васко Ковачевски зема рекет од сите фирми што се со тендер влезени во РЕК Битола од 1.000.000 до 2.000.000 денари од фирма, ова ви го пишувам со факти и доколку сте подготвени да ги заститите, ќе сведочат против Васко Ковачевски.

2. 50 луѓе се вработени во РЕК лично од Васко Ковачевски за надомест од 3.000 до 5.000 евра, скромно, скромните пари како што вика неговиот кум Игор Тентеле, биле семки пари. Неговиот кум, тој во кој Васко ја има довербата за парите и лично тој му ги носи во „Епинал“, познат ресторан во кој и сите криминални дејствија ги обавува Васко со клапата арамии, тука е и Граше на Шекеринска братучедот, Игор Тентеле, Менде од Синдикатот, десната рака на Граше на чело со Васко Ковацевски.

Затоа премиере, овие арамии поставени во прв ешалон лично од вас ви ги донесоја катастрофалните резултати во Битола и околината на битолските села и се надевам дека оваа порака што ти ја упатија битолчани ќе ја разбереш, порача Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This