ДУXOBHИКOT НА ПУТИН СО ПОРАКА: Светот ја води новата, Трета светска вojнa пpoтив kopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Митрополитот Псковски и Порховски Тихон (Шевкунов) ја нарече пандемијата на КОВИД-19 Трета светска војна во која целото човештво се бори против еден непријател – вирусот корона

„По 75 години повторно е војна – светска војна. Ниту малку не преувеличувам, не вршам притисок на вас со некоја посебна загриженост, страв. Тоа навистина е така: војна помеѓу човештвото и тоа зло кое влезе во човечкиот род и против кој нам ни претстои вистинска борба. А некои, како лекарите, луѓето кои се грижат за нашата безбедност и за нас, простите луѓе – баш како нашите дедовци и татковци за време на војната“ – рекол митрополитот Тихон за време на проповедта.

Митрополитот Тихон ги повика верниците да не го посетуваат Псковско-Печерскиот манастир во Печори кој се смета за еден од најстарите во Русија. Тој не бил затворен ниту за време на Втората светска војна.

„Зошто? Како? Зарем во манастир може да се заразите? Младите кои го носат овој вирус, не ги чувствуваат симптомите, доаѓаат од Москва, од Санкт Петербург во нашето братство, стојат покрај бабите, кашлаат, едноставно дишат. И на мало растојание, човек едноставно се заразува“, објаснува митрополитот.

Митрополитот Тихон се смета за неофицијален духовник на Рускиот претседател Владимир Птуин, иако тоа никогаш не го потврдил. Тој е автор на книгите „Несвети а свети“.

Колку за потсетување, во Русија по последните податоци се заразени 2.337 лица, додека повеќе од 120 се излечени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This