Д-р Беќаровски: Во државата сѐ уште нема водич за лечење од ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Д-р Нико Беќаровски во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за КОВИД-19 и рече дека кај нас во државата се уште нема водич за лечење од овој вируc.

-Јас се уште не сум видел ниту еден водич за лечење од КОВИД-19. Разговарав со голем дел од матичните лекари врз основа на што се проценува кој, каде понатаму ќе се упати. Во сите болници мора да има исти стандарди, исти протоколи за лечење и тие протоколи барем еднаш месечно треба да се ревидираат. Секој ден се појавуваа нови лекови, дел од нив ќе се вклучат и нашите експерти ќе оценат дека треба, дел ќе речат би било убаво меѓутоа финансиски оваа држава не може да го покрие, а дел ќе ги отфрлиме. И тука мора да имаме наша научна мисла виролози, епидемиолози, интернисти, хематолози кои што ќе седнат и ќе кажат на Инфeктивна клиника идат пациенти со таа клиничка слика, со тие лабараториски налози, рече д-р Беќаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This