Д-р Беќаровски: Haмecтo пpoбиoтици, дaвaмe aнтибиoтици зoштo yштe нeмa jaceн пpoтoкoл зa лekyвaњe нa дeлтa cojoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ни се случува голема смртност, тука нема збор, ја надминуваме горната граница, рече доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за дневникот во Тема на денот на ТВ Сител.

Според него, овој сој почесто започнува како пролив и течна столица.

И тука веднаш почнуваат со антибиотици, а нападнат е дигестивниот систем од вирусот. Наместо пробиотици, ние даваме антибиотици. Кога ќе се качи температурата на 37,1, сите веднаш даваат парацетамоли, аспирини, кетонали. Треба да оставиме малку организмот сам да се бори. Сепак одиме со погрешна стратегија. Луѓето не се виновни, тие се исплашени, се зема се што треба и не треба. Мора да имаме јасни протоколи, појаснува Беќаровски.

Тој информира дека стануваме земја со се повеќе коморбидитети, кои се поизразени од другите земји.

Ако прошетавте летово по охридските плажи, ретко ќе видевте некој со нормална тежина, ако зборуваме за коморбидитет дебелина. Таа со себе носи дијабетис и хипертензија, додава тој.

За овој четврт бран на корона, докторот вели дека ќе биде побурен, но помалку ќе трае.

Ќе имаме до кај 2000 новозаразени на дневно ниво, но ако имаме толку детектирани, вистинските бројки се 6000 заразени, појаснува Беќаровски, заклучувајќи дека доколку се укаже потреба, би примил и трета доза на вакцина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This