April 19, 2024, 10:50 am

Д-р Даниловски: Или ќе се зaразиме, или ќе се вакцинираме, трета опција нема

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Обичната здрава логика е потребна за човек да се одлучи дали да се вакцинира или да го пречека вирусот. Во ситуација во којашто сме, не само ние, туку воопшто и целиот свет, кога тогаш, кој било граѓанин, не може да не дојде во контакт со вирусот. До таа мера е тој распространет, ендемски е распространет. И ако земеме предвид дека според последните податоци во САД се вакцинираа досега повеќе од еден милион луѓе, и имаше само шест алергиски реакции, а ниту еден починат.

Од друга страна, конкретно кај нас, смртноста е три отсто, тоа значи дека од 100 заразени, задолжително тројца ќе умрат. Па ако се спореди смрт на тројца, со шестмина кои добиле алергиска  реакција на повеќе од милион луѓе, јасно е дека изборот е тој: или вирус или вакцина, трета опција нема, изјави д-р. Драган Даниловски за Канал 5. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This