Д-р Докиќ: Вирусот ги оштeтyва кaпиларите насекаде во оpганизмот, пред сè на бeлите дрoбови, во сpцето, мoзокот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пулмологот Дејан Докиќ во денешното гостување на ТВ 21 говореше за состојбата со ковид-пациентите кои доаѓаат во болниците и кои треба да се сметаат за потенцијално ризични пациенти.

-Пациентите кои доаѓаат на прием во болница имаат ниска сатурација на кислород и тие треба да се сметаат за ризични. Зошто е тоа така, не може да се каже-вели д-р Докиќ.

Тој истакнува дека кога има голем број на ковид – тестирања, нормално е да има и поголем број на заразени и на починати лица.

-Лицата со ниска сатурација веднаш треба да се стават на висок проток на кислород, тие имаат проблеми со респираторниот систем. Друга група на луѓе имаат проблем со коагулација, кај нив веднаш се зголемуваат вредностите на дидајмерот, настанува коагулација на крвта. Значи  оштетување на калиларите насекаде во организмот, пред сè на белите дробови, во срцето, затоа некои добиваат инфаркти, потоа во мозокот, може да имаат клиничка слика на мозочен удар или белодробна емболија- вели Докиќ.

Вирусот вели д-р Докиќ е многу подмолен, го измамува имуниот систем.

-Дава погрешна информација на организмот. Тоа е исто како некој центар во ЦИА, кога некој вирус влегува во компјутерот и ја пореметува целата мрежа, идентично се случува и тука, ковид велегува во телото и го ремети целиот програм на одбраната и организмот сосема погрешна информација добива и затоа прекумерно реагира со создавање на тие цитокини и доаѓа до цитогенска бура од која ретко кој се спасува- вели д-р Докиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This