Д-р Лазаревиќ: Погрешната стратегија доведе до пропусти на лоцирање на жаришта и голем број заболени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вклучување во емисијата „Отворено студио“ на телевизија „24“, д-р Владимир Лазаревиќ посочи дека има многу пропусти во лоцирање на самите жаришта на епидемијата.

Не велам дека немало стратегија, мислам дека има стратегија но нешто мора да се промени во таа стратегија, затоа што начинот на кој што се идентификуваат случаи, начинот на кој што се спроведуваа тестови очигледно дека има доведено до пропусти на лоцирање на конкретните жаришта на распостранување на вирусот. И тоа довело до втор пик. Пак ќе речам повторно тоа не е случај во ниту една од земјите во регионот, туку само кај нас – истакна Лазаревиќ.
Лазаревиќ додаде дека одредени членови на Владата признаа дека имаат направено пропуст во комуникација со населението.

Ние додека правиме 1.000 тестови има држави кои што прават неспоредливо голем број на тестови. Се тестираат многу поголема популација со цел вистински да се лоцираат. Мислам дека ние тука задоцнивме уште на почетокот да успееме да ги изолираме тие кластери – појасни Лазаревиќ.
Лазаревиќ образложи дека пропустите направени од оваа Влада треба критички да се разгледаат и да се елиминираат во овој втор бран од корона вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This