Д-р Митов: Oниe дoктopи oд пpвaтa линиja нa фpoнтoт нe ги видoвмe нa TB

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата со ковид-19 го блокира здравствениот систем посветувајќи се само на болните од коронавирус кои извршија силен пристисок врз болниците.

Така, се случи клиниките да излезат од рамките на своите стандардни обврски за да се посветат на големиот број заболени од ковид. Со тоа дојдовме во ситуација да не се третираат соодветно другите болести, односно да бидат потиснати во втор план.

Д-р Александар Митов, кој беше гостин во денешниот Утрински брифинг, вели дека во текот на пандемијата се појавија два тренда – првиот е пребукирањето на здравствениот систем, а вториот е зголемувањето на телесната тежина кај популацијата поради променетиот начин на живот.

-Има и уште еден тренд кој е многу битен. Почнаа на лекар да доаѓаат сосема здрави луѓе кои сакаат да го променат својот начин на живот. Причината за тоа е што за време на пандемијата голем акцент беше ставен на здравјето и грижата за здравјето. Едноставно се промени, во позитивна насока, здравствената кутура, вели д-р Митов за Утрински брифинг.

Д-р Митов вели дека се појави е еден вид на здравствен популизам.

-Вистинските херои на ковид пандемијата не ги видовме пред ТВ камерите, тие останаа на првите линии на фронтот. Пандемијата излезе добра отскочна штица за локалните избори, што е чудно, вели д-р Митов за Утрински брифинг.

Тој коментира дека не му се јасни мотивите за политичко активирање на докторите за овие локални избори оти „секој би требало да се занимава со својата професија“.

Извор: slobodenpecat.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This