Д-р Пановски: Пoтpeбни ce пopигopoзни мepки oд oвиe кoи дeнec ги пpeдлoжи Koмиcиjaтa зa зapaзни 6oлecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професор д-р Никола Пановски, микробиолог, вели дека со мерки кои ги предложи Комисијата за заразни болести сè се остава на свеста на граѓаните и дека според него за да има ефект потребни се порестриктивни мерки за претстојните празници.

Овие мерки немаат влијание, потребни беа поригорозни мерки. Од здравствен аспeкт сега сè е оставено на свеста на граѓаните, и од самите нив ќе зависи што ќе се случува за еден месец. Со ваквите мерки, постои можност вирусот побрзо да се шири. Затоа и карантинските мерки сега имаат улога, односно пред да дојдат вакцините, да се спасат што повеќе луѓе. Карантините немаа улога во април, но можат да имаат сега – вели Пановски.

Комисијата денеска предложи од овој петок па до 21 јануари угостителските објекти да затвораат во 18 часот наместо во 21 часот, а хотелските ресторани во 21 часот. Од Комисијата апелираат да нема групирања по домовите, да нема прослави на работните места и да се забрани групирање на плоштадите за прослава на Новата година. Во сила останува забраната за собири на јавни места.

Реакциите за ваквите мерки се различни. Дел од граѓаните ги оправдуваат, дел сметаат дека не треба товарот да паѓа единствено врз угостителите, а дел, пак, сметаат дека е потребен карантин, со цел да се намали ширењето на коронавирусот.

Владата на утрешната седница ќе ги разгледува предлог-мерките на Комисијата за заразни болести.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This