April 20, 2024, 12:45 pm

Д-р Пановски: Фacцинaнтни ce peзyлтaтитe нa тиe штo ja пpимиja пpвaтa дoзa oд вakцинaтa нa Фajзep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Д-р Никола Пановски смета дека полицискиот час ќе го намали бројот на новозаразени, но и дека оваа мерка ќе го одложи само проблемот.

– Ќе видиме дали со оваа мерка ќе издржат болниците, мислам дека полицискиот час е доволен  во смисла да се спаси економијата. Не гледам што ќе се случи ако полицискиот час е од 17 часот. Комплетно затворање три дена ќе наиде на голем отпор кај населението. Голем отпор кај населението ќе дојде доколку се воведе целосен карантин односно како изминатиот период кога имавме тридневно заклучување. Во одредени земји е јасно зошто се става карантин, како пример во Германија каде е во тек вакцинацијата. Таму по два месеци ќе имаат имунизирани луѓе, а вирусот нема да се прошири. Кај нас само ќе се намали бројот на заразени  и ќе го одложиме проблемот, бидејќи во овие моменти далеку сме од имунизација  – вели Пановски за ТВ 24.

Тоj изјави дека резултатите по примањето на вакцината Фајзер се фасцинантни.

– Вакциниран сум со „Фајзер“, и моите колеги се вакцинирани со таа вакцина. Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза. Антителата се многу високи, втори податоци кои ќе ги ставам на ранг листата е „Спутник“. По 21 ден, на стотици вакцинирани антителата беа многу високи, со антитела над 100 – вели Пановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This