April 25, 2024, 12:53 pm

Дaли бoлничкиoт пepcoнaл вo тeтoвcкатa мoдyлapнa бoлница бил нaдлeжeн дa гo cпpeчи пoжapoт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДВ деновиве објави кои биле надлежностите на централната и локалната власт, како и на првите луѓе на тетовската Клиника.

Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, велат од Светска банка за Дојче веле, по пожарот во модуларната болница кој однесе 14 човечки животи.

Од Општина Тетово веќе излегоа со тврдење дека тие немале никаква надлежност во фазите од изградбата и контролата на објектот.

Дојче веле претходно објави дека како надлежни за квалитетот на модуларните биле наведени директори, медицинска сестра, а некаде – никој!?

Од надлежните во болницата досега немаше никаква реакција што се должи и на тековната истрага во која се опфатени.

Тендерот за изградба на тетовската, како и на останатите 16 модуларни болници ширум земјата во октомври 2020 година беше спроведен согласно домашната регулатива и правилата на Светска банка, од каде македонската влада зеде заем од 3,8 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This