April 24, 2024, 10:11 am

Дaли ќe ocтaнeмe бeз спopт?: Оcyм нoви cлyчaи нa Koвид-19 во paкoмeтниoт клyб “Тинекс Пролет”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометот се надеваше дека ќе продолжи, арно ама по новонастанатата ситуација тешко дека тоа ќе се случи во скоро време. Се појави коронавирус во Еурофарм Пелистер 2, а доаѓа нова информација од Тинекс Пролет, каде исто така има нови случаи.

Суперлигашот испрати известување до јавноста дека по позитивниот тест на Петар Ангелов – Диви, кој веднаш бил сместен во самоизолација, клубот ги тестирал сите и резултатите се разочарувачки.

И покрај настојувањето за максимално почитување на мерките, дури осум членови на Пролет од тестираните се позитивни и веќе се ставени во самоизолација. Тимот не е во тренажен процес уште од позитивниот тест на Ангелов и сите ракометари ќе останат во изолација за за нема дополнително ширење на вирусот.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) пред нешто околу еден месец донесе одлука за прекин на првенствата, по појавата на коронавирусот во екипите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This