Дaли ce вakцинитe вepoдocтojни?: Пoчинa лицe кoe мeѓy пpвитe пpими вakцинa пpoтив Koвид-19 вo Швајцарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лице кое меѓу првите во Швајцарија било вакцинирано против Ковид-19, почина, соопштија во среда надлежните од кантонот Луцерн, пренесе Ројтерс.

Сепак, не наведоа дали смртта е поврзана со инјектирањето.

„Свесни сме за случајот“, рече портпаролот, додавајќи дека се е упатено до швајцарскиот регулатор за лекови „Свисмедик“.

Кантонот не објави детали, ниту времето кое поминало меѓу вакцинацијата и смртта на лицето.

Луцерн беше место на првите вакцинации во Швајцарија што почна минатата недела. Се вакцинира со вакцината на „Фајзер/Бионтек“, најпрво постари лица.

За коментар не бил достапен „Свисмедик“, а „Фајзер“ не одговара на мејлови и повици.

Оваа вакцина е единствена која досега е одобрена во Швајцарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This