Дeмoнcтpaнти oштeтиja пyнkт нa ЕBH во Тeтово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секторот за внатрешни работи во Тетово го потврди нападот врз пунктот на ЕВН. Група од десетици лица по протестот во Тетово, врз наплатниот пункт на улица Илинден, фрлаа со предмети и ги скршија прозорците на зградата. Самиот протест беше мирен и заврши без инциденти.

„Немаше никакви проблеми или ексцеси, освен што можеме да споменеме мал инцидент што се случи на улицата Илинден кај наплатниот пункт на ЕВН, каде беа искршени прозорците на пунктот. Извршен е увид на местото на настанот и во тек е решавање на случајот“, рече Фатмир Реџепи – портпарол на СВР Тетово.

Организацискиот совет на протестот против зголемувањето на цените на електричната енергија се огради од инцидентот. Тие повикуваат на мирни протести, а не на насилство. Доколку не се исполнат нивните барања, демонстрантите велат дека ќе го отворат патот за радикални активности.

„Секој инцидент што се случил надвор од периметарот на плоштадот не е наша одговорност. Ние не ги охрабруваме и сметаме дека треба да му се даде шанса на мирот. Овие сигнали испратени од секој што употребил насилство против објектите на ЕВН треба да послужи како предупредување до надлежните за да го сфатат сериозно ова, да не дојде работата да се повлечеме од нашите барања и да го отвориме патот за таква радикализација“, изјави Аријанит Џафери, организациониот совет на протестот.

Следниот протест се очекува да се одржи во четврток, кога по улиците на градот ќе се маршира и ќе бидат блокирани некои улици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This