Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира написот објавен на вашиот портал со наслов „Заев потврди: Промена на историјата на Македонија во учeбниците по желба на Бугарија”.
Насловот е лажна вест, изведен со целосно погрешно толкување и извртување на изјавата на Премиерот Зоран Заев дадена денеска во Неготино. Ако ја пренесовте изјавата во целост, ќе станеше јасно дека тој зборува за динамиката со која се спроведува реализацијата на постигнатите решенија на Комисијата за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Во таа насока, според решенијата на оваа независна експертска група, во учебниците на двете земји ќе се спроведат заклучоците на независните експерти историчари од Комисијата кои се однесуваат на заедничката историја. Доследно на политиките за транспарентност на оваа влада, Премиерот Заев најави дека ќе бидат објавени записниците од Комисијата и јавноста ќе има увид.