Дeн зa тeпaчки? Peгиcтpиpaни нeкoлкy физички пресметки низ Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 22.09.2020 во 14.35 часот во СВР Скопје, Ф.Х.(56) од Скопје пријавил дека во 14.20 часот во казино во трговски центар на ул.„Кеј 13 Ноември“ во Скопје, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.С.(68) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 22.09.2020 во 22.30 часот во СВР Скопје, М.Ж.(61) од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, додека се движеле со патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал нејзиниот сопруг В.Ж., по недоразбирање во сообраќајот со едно лице со велосипед, велосипедистот почнал да удира по возилото и го оштетил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.09.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(38) од с.Петровец, скопско, пријавил дека на 17.09.2020 околу 01.25 часот во с.Петровец, неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.Т. од с.Петровец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This