Дeнecкa ceдницa нa Буџетскиот coвeт нa Сoбpaниeтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вообичаено, претседател на Буџетскиот совет е еден од потпретседателите на Парламентот. Минатата недела за потпретседатели на законодавниот дом беа избрани Горан Мисовски и Фадил Зендели.

На денешната седница на дневен ред се Предлог на стратешкиот план на Собранието за периодот 2021-2023 година, Предлог – буџетско барање на Собранието за 2021 година, Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2021 година.

Предлог- заклучок за утврдување на бројот на надворешни соработници по пратенички групи, согласно член 9 став (3) од Законот за Собранието на Република Македонија (”Службен весник на Република Македонија број 104/2009”).

Членовите на Буџетскиот совет треба да Утврдуват и мислење по Предлогот за започнување на постапка за давање на трајно користење на движни ствари на други институции без надоместок, постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад или постапка за продажба за стварите кои поради нивна дотраеност, неисправност и технолошка застареност не се користат од страна на Собранието на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This