April 18, 2024, 10:47 am

Дeнec e Пpeпoдoбнa Марија Египетска: Пo cилниoт живoтeн пpecвpт cтaнyвa eднa oд нajгoлeмитe пoдвижнички нa цpквaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Животот на преподобна Марија Египетска е еден од навпечатливите раскази во историјата на христијанската агиографија. Таа била родум од Египет и живеела во шестиот век. На 12-годишна возраст избегала од дома и се населила во Александрија. Суптилниот раскош на овој голем и славен град бргу ја восхитил девојката, па таа почнала со незгаслива жед да граба за себе што е можно повеќе од земните задоволства.

Кога се доближила до возраста од околу 30 години, во нејзиниот живот се случува темелен земјотрес, пресврт кој ја преобразува оваа распусна и разуздана жена во една од најголемите подвижнички-пустиножителки во историјата на Црквата. Се повлекла во Египетската пустина, каде живеела се до својата смрт.

За да не остане непознато ова чудесно животно сведоштво, Бог така ги наредил работите што еден монах по име Зосима ја сретнал во пустината оваа подвижничка, ја чул од неа нејзината приказна, а подоцна и ја запишал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This