Дeпoнијатa во Гeвгeлијa се уштe гoри – на 44 стeпeни гeвгeличaни дишaт висoкo кaнцeрогeн вoздух

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанското здружение „Спас за Гевгелија“ информира дека четири дена по ред градот е прекриен со густ чад предизвикан од пожар кој е предизвикан во градската депонија.

-Вчера беа измерени 44 степени во Гевгелија. Депонијата се уште гори и граѓаните на Гевгелија дишат високо канцероген воздух.
Денес и во наредните денови се очекуваат екстремно високи температури. Градоначалникот согласно законот мора да превземе и воведе итни мерки за справување со оваа вонредна состојба. Се работи за здравјето и животот на граѓаните, велат од здружението во објава на нивниот фејсбук профил.

Здружението „Спас за нас“ на 02.08.2021 година, доставило пријава до Државниот инспекторат за животна средина за загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните. Од инспекторатот добиле информација дека директорот на државниот инспекторат заедно со своите соработници ќе излезе на терен и ќе постапи согласно законот.

-Ние Ви препорачаме да не излегувате на отворено. Доколку излегувате надвор користете маска, очила за сонце и капа. Доколку имате разладни уреди затворете ги прозорите на вашите домови. Конзумирајте поголеми количини на вода, никако алкохолни пијалоци. Разладувајте го телото со туширање со ладна вода повеќе пати во текот на денот. Ако имате можност заминете во некое од планинските села или одмаралишта на надморска висина над 700 метри. Температурата таму е пониска за 5-6 степени, апелираат од здружението „Спас за Гевгелија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This