Дeтaли зa дeнeшнaтa пoлициcкa akциja: Cyзбиeнa opгaнизиpaнa kpиминaлнa гpyпa зa кpиyмчapeњe мигpaнти вo пoвeќe гpaдoви вo Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска под раководство на јавен обвинител од Осноното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделот за специјални и посебни операции на СВР Скопје и СВР Струмица, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група за криумчарење мигранти.

Криминалната група која функционирала под строга хиерархиска поставеност ја предводел триесет и три годишен велешанец. Тој заедно со две лица кои потекнуваат од земјите од Блискиот Исток организирале криминална група во нашата држава и организирале криумчарење на мигранти. Мигрантите по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток илегално биле префрлани од Р.Грција на територијата на Р.Македонија. При криумчарењето користеле илегални премини на т.н. „зелена граница” во околината на Гевгелија, Струмица и Демир Капија, а оттаму со помош на водичи т.н. „качаци”, координирано жртвите ги носеле на претходно утврдени и договорени локации. Организаторот и членовите на криминалната група го договарале преземање на мигрантите од овие локации и со патнички и товарни моторни возила ги превезувале до локации во Кумановско-липковскиот регион каде мигрантите биле прифаќани и времено сместувани и засолнувани. Понатаму мигрантите биле криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ. Паричните средства за транспорт на мигрантите од 500 до 700 евра по лице, биле исплаќани преку агенти за брз трансфер на пари или во готовина.

Во текот на денешниот ден се извршени претреси во објекти на 11 локации на подрачјето на Велес, Скопје, Штип, Струмица и Валандово и притоа од слобода се лишени шест лица, се преземаат мерки за приведување на уште три лица. Четири члена на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти”.

Надлежниот обвинител од Осноното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добивањето на кривичната пријава, во текот на денешниот ден, согласно своите надлежности до судијата на претходна постапка​ при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените.​

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This