Дeтaли зa kpвaвиoт нaпaд вo Германија: Жpтви на нaпaдoт ce тpи жeни и 11-гoдишнo дeтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Испливуваат деталите за нападот со нож што се случи во четвртокот вечерта во германскиот град Оберхаузен.

Полицијата примила пријава за напад со нож во станбена зграда во областа Мариенвиертел во 19 часот. Кога пристигнале на местото на злосторството, пронашле три ранети жени и 11-годишно дете. Полицијата сè уште не открива која од жртвите е во животна опасност, но она што е познато е дека сите четири жртви се уште се во болница, како и сторителот кој бил ранет при апсењето.

Портпарол на полицијата во Есен изјави дека тие веруваат дека на инцидентот му претходела семејна расправија поради сродството на сторителот и една од жртвите.

„Нема индиции за терористичко потекло или други сторители“, рече портпаролот.

Идентитетот на сторителот и жртвите сè уште не е познат, а полициската акција траеше до 23:42 часот. По напуштањето на болницата, сторителот ќе биде префрлен во истражниот затвор каде што ќе продолжат понатамошните истраги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This