April 25, 2024, 12:56 am

Дeтaлнa aнaлиза: Цeнoвeн шok – пocкaпи гopивa, мeтaли, yвoзни пpoизвoди, HБМ зaceгa нeмa дa интepвeниpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфлацијата ќе се зголемува , но просечната стапка нема да надмине 3 %. Ова се очекувањата на аналитичарите наведени во новото анкетно истражување на Народната банка. Јасно е дека и Македонија не е поштедена од ценовното “цунами” – поскапи горива, метали, увозни производи, пишува “Порталб”. Дали овој бран е од привремен карактер и дали Владата има план за ублажување на последиците од евентуалната растечка инфлација?

Горивата со “пик” цени – дел од транспортните фирми со “клуч” на врата

“Во однос на инфлацијата, очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8%, наспроти 2,3% во претходната анкета. Повисоки се и очекувањата за 2022 и 2023 година, односно испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,5% во 2022 година (2,1% во претходната анкета) и 2,3% во 2023 година (2,0% во претходната анкета)” – ова се неведува во новата Анекта инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП што ја објавува Народната Банка.

Ценовниот притисок засилува. Минатата недела цените на горивата достигнаа ново рекордно ниво – Еуросупер БС 95 се продаваше за 75,5 денари за литар а Еуросупер БС 98 за 77,5 денари по литар. Цената на горивата заедно со цената на електричната енергија се едни од клучните инпути од кои зависат и цените на основните прехранбени. Дали ќе поскапи транспортот? Од Здружението на транспортери “Макам-транс” велат дека се соочуваат со големи проблеми – од една страна поради Ковид пандемијата не можат да ги зголемат цените а од друга страна транспортните фирми бројат загуби, дури некои и се затвораат.

“Голем дел од транспортните фирми се борат за опстанок. Кога во Европа цените на горивата се намалија, кај нас се зголеми акцизата. Тогаш не бевме во состојба да реагираме со поскапување на транспортот поради пандемијата. Сега цените на горивата растат секаде во светот – ние повторно не можеме да реагираме поради неколку причини. Дел од фирмите сеуште не работат со полн капацитет па на пазарот има поголема понуда од побарувачка за транспортни услуги. Дополнително- голем дел од нашите професионални возачи веќе заминаа во страство – работат за странски фирми. Во вакви услови не можеме да ги зголемиме цените иако корисниците на транспорт, значи фирмите, веќе го пресметуваат, вградуваат ценовнитот раст во крајните производи” – вели за “Порталб” Билјана Муратовска од Макам-транс.

Алармира дека дел од фирмите веќе ставаат клуч на “врата”.

“Транспортниот сектор се соочува со големи проблеми. Има фирми кои се одржуваат во живот само поради поврат на ДДВ, но има фирми кои веќе се затвораат зошто не можат да опстанат, нема работа а и таа што ја има не е исплатлива. Возачите и сопствениците на фирмите трошат лични средства, ги вложуваат за да ги задржат фирмите. На годишно ниво и по 10% од побарувањата што ги имаме не можеме да ги наплатиме” – вели Муратовска.

За девет месеци инфалција на ниво од 2,8% – засега НБМ без интервенција ..

Додека транспортерите се борат за опстанок без да ги зголемат цените – крајните производи, особено увозните веќе се поскапени. Но поскапување има и кај домашни производи – во млечната, пекарската индустрија и индустријата за масло.

Од јануари до септември годинава во споредба со истиот месец лани трошоците на живот ( инфалција) најмногу се зголемени за маслата и мастите за дури 23,2% и кај течните горива за 24,1% .

Трошоци на живот ( јануари-септември 2021/2020)

Течни горива 24,1%

Масла и масти 23,2%

Услуги за сместување 24,0%

Зеленчук 4,7%

Тутун 6,4%

Во анализираниот период, од јануари до септември 2021 година во однос на истиот во 2020 година, трошоците на живот според Заводот за статистика се зголемени за 2,8% – или толку изнесува инфлацијата. Цените на мало во анализираниот мериод се зголемени за 3,7%.

Економистите лоцираат повеќе фактори кои придонесуваат за растечка инфлација.

“Испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања пред сѐ со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата на ковид-19 којашто би довела до зголемена домашна побарувачка, како и повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата. Исто така, испитаниците сметаат дека монетарните и фискалните мерки, и растот на платите би придонесле кон повисок раст на инфлацијата” – навеле аналитичарите во Анкетата на НБМ.

Состојбата со ценовниот притисок будно се следи но засега Народната банка нема да преземе мерки за евентулано “затегнување” на монетраната политика .

“Остварувањата кај инфлацијата се нешто повисоки од очекувањата и заедно со нагорните ревизии кај увозните цени укажува на ризици за умерено повисока инфлација од проектираната од 2,2 проценти” – соопштија од НБМ со што најавија нагорно ревидирање на стапката на инфлација. Сепак – засега мерки нема да се преземат.

„Во отсуство на притисоци од страната на побарувачката, умерените нагорни придвижувања на инфлацијата засега произлегуваат од фактори на страната на понудата. Оттука, засега не се оценува потреба од монетарна реакција на овие ценовни движења, но ќе продолжиме внимателно да ги следиме, информираа од Народна банка чија клучна улога е задржување на ценовната стабилност а со тоа и стабилност на домашната валута.

Земјите од регионот и од светот се соочуваат со ценовно цунами но и со енергетска криза – домашните економистите сметаат дека сепак ценовниот притисок е времен карактер и дека по стабилизирање на пандемијата, веќе со завршување на зимата се очекува и стабилизација на цените. Од Владата најавија можен ребаланс на Буџетот за реалокација на средства со кои би се ублажиле последиците од ценовниот бран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This