Дeцaтa 6eгaлци бeз пpидpyжбa од Лезбос пpeфpлeни во Солун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По големиот пожар во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, децата бегалци без придружба кои беа сместени во прифатниот центар, со три различни летови пристигнаа во Солун.

Од грчката Влада вчера најавија дека згрижувањето и заштитата на децата е главниот приоритет. Со директен лет од Лезбос, синоќа пристигна првата група со 165 деца бегалци без придружба, додека, пак, утрово заврши процедурата на пренесување вкупно 408 деца. Како што вчера соопшти претседателот на Националната организација за јавно здравје Панајотис Аркуманеас, сите деца пред заминувањето од Лезбос беа тестирани за Ковид-19.

Процесот на префрлање на децата бегалци без придружба го организираше Меѓународната организација за миграција во соработка со грчката Влада, а со финансиска помош од Европската Комисија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This