March 29, 2024, 12:33 pm

Дeceт зeмjи пoдгoтвeни дa гo пoвлeчaт пpизнaвaњeтo нa Kocoвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетина земји се подготвени да ги повлечат своите одлуки за признавање на Косово, доколку Приштина го започне процесот на повторно признавање, пишува денеска српскиот весник „Политика“, додавајќи дека постојат многу силни гаранции кои овие земји му ги дадоа на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Политика претпоставува да станува збор за земји од Африка и Азија, но нивното име не се споменува, пред се поради евентуалниот притисок на кој би биле изложени од САД.

-Западните земји, зајакнати од Турција, започнаа да лобираат низ целиот свет за признавање на Косово. Еден месец пред истекот на едногодишниот мораториум за лобирање, за и против Приштина, предвиден со договорот од Вашингтон, далеку зад сцената се спроведува сериозна дипломатска акција, чија цел е лажната држава да ја признаат повеќе од 100 земји-членки на ОН. Во исто време се води акција Приштина да стане членка на некоја меѓународна организација. Белград не седи со скрстени раце, и со своите сојузници, Русија и Кина, кои го почитуваат меѓународното јавно право подготвен е за овој удар и на соодветен начин да возврати, пишува Полика.

Истражувачот на Демократија плус Емир Абраши ја критикуваше надворешната политика на Косово, наведувајќи дека скандалите во владата на Курти се случуваат на неделно ниво. Тој оцени дека се направени многу грешки, а за најголема онаа на официјалниот Твитер профил на Министерството за надворешни работи и разрешувањата на косовските амбасадори. Оваа влада е концентрирана само на европскиот континент, изјави Абраши.

Предраг Рајиќ од Центарот за општествена стабилност смета дека земјите што би можеле да ги преиспитаат своите претходни одлуки, односно да го повлечат признавањето, се многу земји од африканскиот континент, но и од Блискиот Исток.

Рајиќ проценува дека Приштина работела на своја штета кога одлучила да отвори амбасада во Ерусалим, додека Белград во нејзината дипломатска борба смета на Русија, но и на Кина, од која се очекува да има посилен ангажман по прашањето за Косово.

Тој изјави дека Приштина најверојатно на почетокот на септември ќе се заложи за укинување на мораториумот за дипломатска активност за признавање и повлекување на признавањето на Косово, што не оди во прилог на Приштина, бидејќи нема мнозинство за влез во некои меѓународни институции .

Поранешниот министер за надворешни работи на СР Југославија, Владислав Јовановиќ, оцени дека Кина почнала да се појавува во врска со прашања што не може да ги реши Америка и кои го попречуваат спроведувањето на некои цели, како што е прашањето за Република Српска и зачувување на територијалниот интегритет на Србија.

Тој оцени дека Русија и Кина имаат потреба да се зближат, бидејќи се чувствуваат загрозени од САД и потсети на прашањето за Венецуела или ветото на изборот на новиот висок претставник во БиХ.

Според Јовановиќ, доколку до крајот на годината кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Србија, тоа ќе биде јасна демонстрација на поддршка и ќе испрати поширока слика, на која Западот ќе мора да обрне внимание.

Поранешниот шеф на дипломатијата на СР Југославија, Живадин Јовановиќ, кажа дека вистинските пријатели и сојузници се почитуваат и да на сите меѓународни форуми Русија и Кина продолжуваат да даваат најсилна можна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This