ДOБИ ТPИ ГЛAСA: Александар Темелков нaпpaви хaoc во Ѕвездите на Гранд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и добро познатиот Александар Темелков кој досега неколку пати се натпреваруваше во регионалните музички шоуа.

Штом се појави на сцената, Темелков беше поздравен со аплауз од публиката која веднаш го препозна. Тој се претстави со песните „Само тебе јас те сакам“ и „Ти ќе си моја“ од Јордан Митев, а жирито го препозна по неговиот глас и знаеше за кого станува збор.

По неговата изведба, Темелков доби три гласа односно од Адил, Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ.

Со неговите интерпретации тој успеа да ја крене публиката на нозе, па направи вистински хaoс во студиото на „Гранд“. Саша Поповиќ истакна дека Темелков е низок, па го покани Ѓорѓе Давид на сцена за да ги спореди по височина.

Александар за свој ментор ја одбра Вики Миљковиќ, а Поповиќ за да направи шоу истакна дека погрешил што ја одбрал Миљковиќ и дека требало да ја одбере Карлеуша.

Како Миљковиќ ќе го подготви Темелков за следниот круг останува да видиме. Инаку, ова не е првпат Александар да учестува во „Ѕвездите на Гранд“. Тој беше во музичкото шоу и пред неколку години кога и пееше на Зорица Брунцлик. Меѓутоа, остана препознатлив кога пееше „Кило горе, кило доле“ на Јелена Карлеуша која тогаш го зема Александар во раце и го изнесе на сцената.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This