Дoбpи вecти: Србија oд чeтвpтoк гo ykинyвa зaдолжителниот ПЦР-тecт за македонски државјани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија од четврток, 14 јануари, ќе го укине задолжителниот ПЦР тестот за влез во земјата за македонските државјани, го информирала денеска во телефонски разговор српската премиерка Ана Брнабиќ, премиерот Зоран Заев.

Како што соопшти владината прес-служба, во телефонскиот разговор меѓу Заев и Брнабиќ, меѓу другото биле изразени честитки за успешна 2021 година, како и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за maкедонските граѓани, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, стои во соопштението на владината прес-служба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This