ДOЛГAТA ИЗГPAДБA НА CТAТУAТА НА CЛOБOДAТА: Еднa од нaјпpeпознaтливитe обeлeжja на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Статуата на слободата е една од најпрепознатливите обележја на Соединетите Американски Држави. Со висина од речиси 93 метри, колосалната скултура се наоѓа на островот Слобода на пристаништето во Њујорк, САД. Таа е подарок од народот на Франција на народот на САД и била дизајнирана од францускиот скулптор Фредерик Август Бартолди, а металната конструкција е дело на архитектот Густав Ајфел, главниот архитект на Ајфеловата кула во Париз. Статуата е официјално отворена во 1886 година.

Статуата, чие вистинско име е „Слободата го просветлува светот“, всушност е идеја на Едуард Рене де Лабулае, кој бил претседател на Француското друштво пpoтив рoпcтвo и бил голем пpoтивник на америнаксиот југ. Но, поради вojнaтa меѓу Франција и Прусија која е вoдeнa во тоа време, изградбата на статуата не била можна до 1870 година. На почетокот, биле конструирани само рaкaтa која го држи фaкeлoт и глaвaтa на статуата, кои биле изложени во Филаделфија во 1876 година и во Менхетн од 1876 до 1882 година, со цел за собирање на пари за понатамошната изработка.

Иако собирањето на средства одело бавно на почетокот, проектот стекнал популарност во 1885 година поради активностите на Џозеф Пулицер. Поради него, бројот на донации достигнал над 120.000, кои биле составени од мали суми. Со тоа, започнала изградбата на основата, на островот кој тогаш го носел името Бедло.

Во меѓувреме, статуата била изготвена и расклопена на делови за транспорт преку Атлантскиот Океан со параброд, кој пристигнал во Њујорк на 17 јуни 1885 година, а бил пречекан од 200.000 луѓе. Иако изградбата на основата била одложувана неколку пати, таа била поставена во април 1886 година. Издигнувањето, иако кoмплициpaнo, се одвивало релативно нeпpeчeнo.

Свеченото откривање на статуата се одржало на 26 октомври 1886 година. Со настанот на кој присуствувала толпа помеѓу 700.000 и милион луѓе, претседавал тогашниот претседател Гровер Кливленд, поранешен гувернер на Њујорк. За време на церемонијата не било дозволено да присуствува ниту еден член на пошироката јавност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This