April 25, 2024, 12:58 pm

Дoлгa листa на чeкањe зa дa сe пробaaт нaјскaпитe пржeни кoмпирчињa вo свeтот – Дaли би јa плaтилe овaa цeнa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ресторанот „Серендипити 3“ во Њујорк го собори Гинисовиот рекорд за најскапи пржени компирчиња во светот. Таква нарачка тука, односно новиот специјалитет чини 200 долари (скоро 10.400 денари).

Главната состојка на овој специјалитет, се компири зачинети со масло од тартуфи, послужени со сос од сирење и тартуфи. Пред приготвувањето, се бланшираат во шампањски оцет и се пржат во чиста маст. На крајот, тие се украсени и со златна прашина што се јаде.

Ова е десетто јадење на ресторанот со кое го соборија Гинисовиот рекорд. Тие претходно веќе ја направија најголемата свадбена торта, најскапиот сладолед, најголемата шоља какао, најскапата плескавица… Листата на чекање за пробување на најскапите компирчиња, е долга – луѓето чекаат 8 – 10 недели за својата резервација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This