Дocтa е од коалиции со ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доста е веќе од коалиции по секоја цена, вели филозофот Љубомир Цуцуловски, кој на својот ФБ профил го коментира ставот на ДУИ дека токму од нив зависи стабилноста на Македонија.

Според Цуцуловски, оној кој го има „клучот“ за стабилност на државата, тој е одговорен и за нејзина дестабилизација од било каков вид. Дотолку повеќе, според професорот, оној кој би ги прифатил условувањата од ДУИ би бил повеќе одговорен од нив доколку државата биде дестабилизирана.

КОЈ ТОА ТАМУ СЕ ЗАКАНУВА? Челниците на ДУИ упорно ја форсираат тезата дека единствено од нив зависи стабилноста на Македонија. Меѓутоа, никако да кажат/изустат зошто од нив зависи стабилноста, што значи и иднината на Македонија, од една страна и од друга, дека ако стабилноста зависи само од од нив, тогаш следи дека од нив зависи и нејзината дестабилизација, бидејќи оној кој ја поседува стабилноста на една замја, тој ја поседува и моќта за нејзино дестабилизирање. Тоа значи дека ако Македонија се најде во критична ситуација (сеедно од каков вид) не ќе можат, колку и да сакаат, од себе да ја оттргнат одговорноста за нејзиното дестабилизирање. Ова треба да го имаат предвид и тие кои ќе коалицираат (ако коалицираат) со ДУИ и со нејзините изместени условувања. Имено, евентуалните коалиционери колку што ќе бидат заслужни за опстанокот на Македонија, толку ќе бидат виновни (ако не и повеќе) за нејзиното гаснење, бидејќи не може бесконечно да се влегува во секакви коалиции и по секоја цена, бидејќи Македонија, нејзиниот мир, како и животот на граѓаните имаат цена! Ова мора отворено, без никакво заобиколување, да им се каже на сите граѓани на Република Македонија. – пишува Цуцуловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This