„Дocтa e, пpeтepaвтe“: KCC излeгyвa нa пpoтecт вo 16 часот – paбoтничкитe пpaвa ce нa нajниcкo нивo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денеска од 16 часот излегува на мирен протест. Протестот започнува од бул. Гоце Делчев спроти МРТ кон Собранието, а потоа продолжува и завршува пред Влада.

– Протестот ќе се одржи со автомобили со цел почитување на мерките за заштита од Корона вирусот и за заштита на безбедноста и здравјето на учесниците.

– Сакаме да истакнеме дека, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во изминатиот период се обидува да воспостави социјален дијалог со надлежните претставници на министерствата и државните органи со цел разрешување на одредени проблеми кои ги засегаат вработените, како и да укажеме на почитување на законите и колективните договори кои подолг период во континуитет се прекршуваат.

– Исто така истакнуваме дека работничките и човековите права се прекршуваат дури и за време на пандемијата кога луѓето се во ранлива економска и здравствена состојба, велат од конфедерацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This