April 26, 2024, 10:45 pm

Дoceгa caмoпoпишaни 177.875 мaкeдoнcки дpжaвjaни oд диjacпopaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177 875 лица од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика.

Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58 067, Германија – 40 400 и Италија – 25 618.

Во САД има попишано 7 484 лица, во Австралија 2 227 и Канада – 1 591 граѓанин.

Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на граѓаните од дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава.

Од соседството од Албанија досега самопопишани се 362 лица, Босна и Херцеговина – 530, Бугарија – 408, Грција – 141, Косово – 1 038, Словенија – 3 324, Србија – 678, Хрватска – 1 331 и Црна Гора – 163.

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, Државниот завод за статистика денеска информираше дека нема да ги отпочне пописните активности на терен, до завршувањето на постапката во Собранието на РМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This