Дpaма – Свекopoт на мecтото на мaжoт: Coпругата на Стево Црвенковски бара да се избpишe од peгистарот на имињa на yлици нa Гpaд Cкопje

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопругата на поранешниот министер и амбасадор, Стево Црвенковски, бара неговото име и името на нејзиниот татко, Михаил Петрушевски, да се избришат од регистарот на имиња на улици на Град Скопје. На нивно место, да се вметне името на свекор ѝ, Крсте Црвенковски.

Во отворено писмо до Советот и градоначалникот, Калиопа Петрушевска пишува дека причините за барањето се рационални: за да влезе нечие име во ваков документ, потребна е доволно долга временска дистанца од завршувањето на неговиот живот и дејствување и, историска објективност и непристрасност.

Нејзиниот татко е починат пред 31 година, што е доволно долг период, но смета дека неговото име е посоодветно да се поврзе со институција, а не со улица.

За сопругот Стево Црвенковски кој беше министер за надворешни работи, амбасадор и потпретседател на влада во 2002-та година, Петрушевска пишува дека е починат пред 17 години, што е многу рано, за да може непристрасно и објективно да се цени неговата општествена заслуга. Дотолку повеќе што, вели, сѐ уште се среќава со навредливи и цинични медиумски прилози – написи и коментари – за неговата улога во државните работи на независна Македонија.

Но, смета дека нејзиниот свекор, Крсте Црвенковски, народен херој, кој се наоѓал на највисоки државни позиции во времето на некогашната СФРЈ, треба да се најде на списокот. Тој, потсетува, бил и еден од најзаслужните за брзата мобилизација во помошта на градот, веднаш по скопскиот земјотрес.

Од Демократскиот сојуз на Власите, пак, бараат од регистарот да се тргне името на Али Паша Јанински, за кого велат дека вршел геноцид над Власите.

Реагираа и од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, за бришењето на имињата на Павел Шатев и Христо Батанџиев и ставањето на имиња на ликови кои немаат допирна точка со Скопје и македонската историја. Се противат и улица да добие име по Нивици, местото каде се потпиша договорот со кој се смени уставното име на државата. Голем број на реакции има и за ставањето на списокот на лица од Призренската лига, од која потекнува идејата за Голема Албанија.

Социјалните мрежи, пак, вријат од шеги со имињата на Дејвид Боуви и групите „Квин“, „Биз Бес“ и „Лева патика“, кои исто така се најдоа на списокот за имиња на улици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This