Дpaмa во НАТО – Франција на cтpaнaтa на Гpциja во кoнфликтoт со Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција испрати два борбени авиона „Рафал“ и фрегата од класата „Лафајет“ во Источмниот Медитеран, во рамки на нејзиниот план за зацврстување на француското присуство во регионот.

Одлуката ја објави францускиот министер за одбрана, Флоренс Парли, по порастот на тензиите меѓу Грција и Турција, но и по влошувањето на односите меѓу официјални Анкара и Париз.

Потегот доаѓа откако францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика Турција да го сопре дупчењето за природен гас во регионот по остварениот телефонски разговор со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Оваа француска одлука се смета за јасна порака кон Турција.

Истовремено, Макрон порача дека треба да има мирољубив дијалог меѓу двете соседни земји и сојузници во НАТО

Според безбедносни информации на грчките медиуми, Грција и Франција договориле одржување заеднички воени вежби во регионот источно од Крит, коишто треба да бидат објавени во многу скоро време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This