March 28, 2024, 12:42 pm

Дpacтични пpoмeни вo вpeднocтa: Биткoинoт пoвтopнo дocтигнa вpeднocт oд близy 40.000 амepикaнcки дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вредноста на биткоинот повторно се искачи на близу 40 илјади американски долари.

Цената на најпознатата светска криптовалута го достигна својот максимум од речиси 42.000 американски долари пред помалку од седум дена пред нагло да ја намали вредноста на околу 30.000 долари, пад од повеќе од 20 проценти.

Но, биткоинот повторно ја зголеми својата вредност во последните денови и сега се тргува за вредност од нешто помалку од 40.000 американски долари за еден биткоин.

Драстичните промени во вредноста на биткоинот илустрираат колку стана нестабилна најпознатата светска криптовалута и укажуваат на тоа дека инвеститорите слепо веруваат дека дигиталната валута на крајот може да биде многу профитабилна, но може да биде и погубна доколку вртоглаво почне да ја губи вредноста.

Криптовалутите очигледно ја користат рекордно ниската вредност на доларот и очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе ги одржат каматните стапки близу до нула и во наредните неколку години.

Покрај тоа, се повеќе и повеќе финансиски институции како „BlackRock” го прогласуваат биткоинот за иновативна верзија на златото во 21 век.

Тие, исто така, укажуваат на фактот дека „PayPal” и „Square” сега дозволуваат купување и продавање на биткоини и дека врвните инвеститори како Мајк Новограц, Пол Тудор Џонс и Стенли Дракенмилер прифаќаат криптовалути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This