April 19, 2024, 11:14 pm

ДPACТИЧНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗAБОЛЕНИ: Во „Аџибадем Систина“ денес од 327 тестирани, 54 биле позитивни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска (1 април) во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни, пренесува Плусинфо

Претходно, за четири дена, од 28 до 31 март, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беа тестирани вкупно 485 луѓе, од кои 34 беа позитивни. Во првите четири дена само 20 отсто од тестираните биле со зголемена температура и со cимптоми за инфeкција.

Денешниот извештај покажува значително зголемување на процентот на позитивни резултати. Позитивните пациенти се проследуваат во Институтот за јавно здравје да побараат дополнителна проверка со молекуларни тестови, доколку сакаат.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави 50.000 серумски рапид тестови за брзо детектирање на антителата ИгМ-ИгГ, кои можат ефикасно да детектираат присуство на вирyсната инфeкција или претходен контакт со вирyсната инфeкција преку имунолошкиот статус на телото. Тестирањето се врши со земање кpв, а процесот трае не подолго од 10 минути.

Угледниот eпидемиолог д-р Драган Даниловски побара државата да обезбеди 400.000 брзи тестови, со цел да се омасови тестирањето за присуство на виpyсот Ковид-19.

Извор Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This