April 26, 2024, 11:34 pm

ЕБР СЕУШТЕ НЕМА КОМАНДАНТ: Поради политичко пазарење, Единицата за брзо распоредување нема командант

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оливер Спасовски не е во можност да назначи командант на единицата за брзо распоредување поради политички пазар со ДУИ. Оливер Спасовски на сметка на интегритетот на единицата и воопшто безбедноста на македонските граѓани се пазари со ДУИ околу раководните позиции на специјалните единици на МВР

 

По теркот на министерски и заменички места во Владата, Оливер со Нухиу сакаат да ги поделат специјалните единици помеѓу СДСМ и ДУИ со назначување на команданти и нивни заменици по коалиционен клуч. Додека припадниците на ЕБР кубурат со униформи, чизми и опрема, а немаат исплатено изработени прекувремени саати, Оливер и Заев сакаат политиката и распределбата на власта да биде на дневен ред и во македонските елитни единици кои беа градени изминатите децении.

Сметките на Спасовски и Нухиу им ги поматува Заев и неговата желба за проширување на парламентарното мнозинство и реконструкција на Владата. Имено во равенката на министерот и заменик министерот за внатрешни досега не влегуваше БЕСА, која доколку стане дел од владата ќе треба да добие некоја од раководните позиции во министерството за внатрешни работи. Дворските игри на Заев како и политичкиот пазар на Спасовски навлегоа во сите пори на македонското општество, а само последни се случувањата во МВР.

За сето ова време според опозициската ВМРО-ДПМНЕ една од најелитните единици на МВР, Единицата за брзо распоредување се соочуваат со очајни услови за живот и работа. Нивниот оброк е составен од сув леб, мармалад и путер. Од најголемата опозициска партија коментираат дека ,,ниту една друга специјална единица во светот не се храни на овој начин’’.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This