ЕВЕ ЗАШТО ЦРНОГОРЦИТЕ СЕ СПРЕМААТ ЗА ВОЕН КОНФЛИКТ: Косово бара дел од Црногорскиот брег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата за приватизација на Косово побара од Которскиот Основниот суд да издаде прелиминарна забрана за користење на земјиште од 33.000 квадратни метри во дел на плажа Каменово.

Оваа агенција ја претставува приштинската компанија “Rekreaturs”, за која државните институции на Косово тврдат дека е вистинскиот легитимен наследник на атрактивното земјиште на црногорскиот брег, а не истоимената компанија лоцирана во Будва, контролирана од страна на бизнисменот Душко Кнежевиќ, пренесува весникот „Црногорски Вијести“

“Косовската агенција за приватизација, кој делува како правен застапник на претпријатието “Rekreatours” со седиште во Приштина, поднесе барање за верификација на недвижен имот кое се наоѓа во Каменово, катастарска општина Свети Стефан. Во согласност со важечката законска рамка во Црна Гора, КАП побара од судот да издаде прелиминарна забрана и, исто така, бара од судот да го регистрира процесот во правните спорови во јавната катастарска евиденција на општината Будва “, беше објавено од Косовската агенција за приватизација.

Во Катастарската евиденција на земјиште на недвижности во Каменово спорот е регистриран на 7ми август, потврдија од Катастарот на Црна Гора.

Според жалбата на Јавното претпријатие „Rekreaturs“ во ликвидација, претставуванана од страна на КАП, достави барање до Основниот суд, на 1ви август за да се утврди правото на сопственост, велат од регистарот.

Внатрешноста на плажа, каде што некогаш се наоѓаше одмаралиштето на претпријатието од Косово, како што е наведено во катастарската евиденција се регистрирани главно на компанијата Rekreaturs D.O.O Будва, косопственик со помал удел има Косовска банка во стечај и Козарв Трговина, со седиште во Приштина.

Пред црногорските судови, речиси 30 години има спор за атрактивното земјиште и објектите што КАП сака да докаже дека компанијата “Rekreaturs” од Приштина е стварен корисник на 33 илјади квадратни метри земјиште веднаш до морето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This