Еве за колку поскапува струјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Остануваат скапата и евтината тарифа, но цената на струјата за домаќинствата се зголемува за 7,5 отсто. Ова го покажува споредбата на официјалните податоци од предлог-одлуките за новите и постоечките цени, сите достапни на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на електричната енергија за домаќинствата поскапува за 7,5 отсто, а остануваат за користење ниска и висока тарифа односно евтината и скапа струја и понатаму. Ова го содржи предлог – одлуката на Регулаторната комисија за енергетика – регулаторното тело што ја утврдува тарифата на ЕВН Хоме, компанијата која е снабдувач на струја на домаќинствата.

Предлог- одлуката е јавно достапен документ што може да се најде на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и денеска нејзиниот претседател Марко Бислимоски ќе соопшти дали цените на скапата и евтината струја се зголемуваат за 7,5 отсто или ќе прифати некоја од поплаките на енергетските компании кои бараат и поголемо зголемување на цената заради раст на нивните трошоци.

Според јавно достапните податоци цената за ЕВН Хоме се определува на просечен износ од 4,92 денари за еден киловатчас електрична енергија. Високата тарифа т.е. „скапата струја“ во иднина ќе чини 5,95 денари за еден киловат час и тоа е поскапо за 7,4 отсто од досегашната цена која изнесува 5,54 денари за киловат час. „Евтината струја“ односно ниската тарифа по ново ќе изнесува 2,99 денари и тоа е покачување за 7,5 отсто во однос на тоа што досега го плаќаа граѓаните кога користеа евтина струја која чинеше 2,78 денари за еден киловат час.

Денеска ќе ги дознаеме официјално прифатените причини за зголемените цени за електрична енергија за домаќинствата. Од компаниите од енергетиката од чии трошоци зависат цените, неофицијално, барале поголеми зголемувања заради раст на трошоците.

Производната државна компанија ЕСМ лани годината ја завршила со добивка од 3,15 милиони евра. Преносната компанија МЕПСО 2019 година ја завршила со добивка од 7,25 милиони евра, а ЕВН Македонија (фирма мајка на ЕВН Хоме) ланската година ја завршила со профит од 34 милиони евра. Електродистрибиција (најголемиот оператор на дистрибутивниот систем и фирма ќерка на ЕВН Македонија) лани годината ја завршила со загуба од 7 милиони евра.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This