April 19, 2024, 10:32 pm

ЕВЕ ЗОШТО СИ ЗАМИНУВААТ ЛЕКАРИТЕ: Авторот на „Мојата Македонија“ не добил ни денар од неа, па приватно специјализира во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Константин Коцев, кој ги освои срцата на Македонците со својот статус на Фејсбук за „мојата Македонија“, од Србија за expres.mk вели дека за своето образование не добил ни денар од својата земја.

„За целокупното мое образование од Македонија не сум добил ниту денар. Тука мислам и на институциите, и на организациите, и на поединците на чија врата сум тропнал. Ги има многу, верувајте!“, вели тој.

„Во моментов сум специјализант по радиологија во четврта и завршна година при Медицински факултет во Белград. Како основна наставна база (постојат и други) го користиме Клинички центар на Србија (КЦС). Со мали паузи, во Србија сум од 2003 година, но не на ‘привремена работа’, туку на школување, кое трае долго – основни студии, приправнички стаж, специјализација… Македонија е сѐ уште мојот дом. Таму ми е семејството. Не сум вработен и специјализирам приватно“, објаснува дoпинг контролорот при Aнтидoпинг агенција на Србија, каде што е хонорарно ангажиран.

Роден во Кочани, Коцев е активист при македонската заедница во Србија – порано преку Форум на млади Македонци во Србија (ФММС), а денес преку Здружение на Македонци во Белград – „Македониум“, каде што е член на Управен одбор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This