ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕДИ ОБАМА: Куќата од 5,3 милиони долари во која Обама ќе се пресели во јануари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Калорама, Вашингтон – богатата амбасадорска област, како и пет американски претседатели пред него, и Барак Обама ја избрал за свој нов дом.

Претседателот Барак Обама изнајмил куќа во вашингтонската населба Калорама, каде што има 28 амбасади, во која ќе се пресели во јануари кога ќе ја напушти Белата куќа.

Како и другите поранешни лидери што се справуваат со хаотичната и често мачна преселба од Белата куќа, и Обама не ја купил својата нова резиденција (760 квадратни метри, девет спални, осум бањи, куќа од тули во Тудор-стил од 1928), туку ја изнајмил од Џо Локхарт, поранешниот главен прес-секретар на Бил Клинтон, и неговата сопруга Џована Греј, новинарка во Гламур, која има напишано текст за Мишел Обама.

Тие пред две години ја купиле куќата за 5,3 милиони долари и кога во мај се рашири веста дека семејството Обама ќе остане во Вашингтон, барем додека помладата ќерка Саша, 15, да заврши средно училиште, агентите за недвижнини процениле дека резиденцијата ќе чини околу 22.000 долари месечно.

„Ќе мора да останеме неколку години во Вашингтон, веројатно додека Саша да заврши“, рече Обама во март. „Да селите некого среде средно училиште? Тешко.“

Не е познато дали киријата ќе ја плаќа Обама, кој има нето-плата до 7 милиони долари годишно и има право на претседателска пензија од 203.700 долари годишно.

Куќата се наоѓа на само 3 километри од Белата куќа и на само 800 метри од домот на Хилари и Бил Клинтон во Вашингтон.

Бидејќи бившите претседатели на САД имаат право на доживотно обезбедување од Тајната служба, група агенти постојано ќе ги чуваат куќата и нејзините жители.

Идните соседи на семејството Обама потврдуваат дека сè е спремно за пристигнувањето на Обамовци откако ќе заминат од Белата куќа, по инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари. Тим градинари неодамна пристигнале да поткастрат и разубават градината, која станала дива откако Локхарт и Греј се преселиле во Њујорк.

„Тие ќе бидат одлични соседи! Јас би била многу среќна ако мојот син се ожени со некоја од ќерките на Барак. Тие се убавици како Мишел“, вели домаќинката во една од комшиските куќи и додава дека безбедноста во областа е засилена со автомобили и комбиња на тајната служба паркирани низ соседството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This