March 29, 2024, 10:38 am

ЕВЕ КАКОВ Е ПЛАНОТ НА ЗАЕВ: Реализација на реализирани проекти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев  презентираше проекти веќе реализирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ како свои. Зоран Заев  се фалеше со организирање на регионална работилница со учество на националните координатори од земјите од Западен Балкан и ЕУ за борба против трговијата со луѓе, проект веќе реализиран од Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2009 година и оттогаш навака се реализира на секој шест месеци.

Бујар Османи на прес конференцијата на Владата на Република Македонија изјави: „Формирање специјална единица (task force) за борба против трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, составена од претставници од Основно јавно обвинителство за борба против организиран криминал и корупција и МВР“.

 

Тој дополни „Организирање регионална работилница со учество на националните координатори од земјите од Западен Балкан и ЕУ за борба против трговија со луѓе“.

Имено, дека е веќе реализиран проект може да се забележи со малку сурфање на интернет. Уште во 2010 година имаме Американска донација во склоп на истата програма која што Заев сега ја промовираше како нешто ново.

Тогаш беа донирани 146.000 долари вредната опрема за полицијата и 63.000 долари за царината кои беа дел од Програмата за спречување на ширењето на оружјето за масовно уништување.

На сајтот на Владата на Република Македонија може да видиме проект кој бил одржан на 30 Декември 2016 година со наслов: Република Македонија домаќин на Конференција за справување со трговија со луѓе долж Западно – балканската рута.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This