- Advertisement -
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес на Инстаграм профилот постави видео во кое се гледа како се поздравува со унгарскиот премиер Виктор Орбан со лактите, а не со дланките.
“До скоро видување драг пријателу“-напиша Вучиќ.
Вучиќ и Орбан разговараа денес во Белград за билатералните односи, меѓусебна поддршка, соработка и солидарност во борбата против корона вирус, но и за мигрантската криза и процесот за евроинтеграција на Србија.